Еколошка акција за почист Соколански парк како дел од акцијата „За поеколошко Куманово“

Од:

Во рамки на активностите на иницијативата „Мрдни со прст“- Младинско вклучување за локалните проблеми во Куманово, Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово ја организираше првата еколошка акција „За поеколошко Куманово”, што се одржа во околината на Соколанскиот парк. Акцијата имаше за цел подигање на еколошката свест на граѓаните во Куманово.

– Иницијативата потекнува од средношколците со кои заедно се собравме во младинскиот центар Мулти Култи и разговаравме за тоа како да ја подигнеме свеста на нашите сограѓани за еколошките проблеми во Куманово. Прошетавме низ градот и идентификувавме места каде е потребна еко-акција, по што се договоривме да се собереме и да исчистиме дел од нив, изјави Ивана Стојчевска од ЦИД.

Таа истакна дека со еко-акциите за чистење, ќе се испрати порака до сограѓаните да ја одржуваат чиста животната средина во градот. Покрај средношколците во оваа акција се вклучија и волонтери од ЦИД како и неколку случајни минувачи.

Со првата акција „За поеколошко Куманово“ се исчисти Соколанскиот парк, а се спроведе и дополнителна акција за чистење на спортското игралиште на средното техничко училиште.

Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ во насока на младинско вклучување за локалните проблеми во Куманово, претставува збир на неколку иницијативи кои ќе се одвиваат во три општини: Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Активностите ќе бидат фокусирани на ангажирање млади луѓе кои се подготвени да придонесат и направат позитивни промени за своето општество и нивната нивната заедница.

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) е вклучен во кампањата „Мрдни со прст“ чија главна цел е да поттикне акција и активно учество на луѓето во решавање на нивните важни социјални и општествени прашања.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он