Еколошка акција за чистење на дел од крајбрежјето на реката Вардар

Од:

Еколошка акција за расчистување на една од дивите депонии на крајбрежјето на реката Вардар ќе се спроведе денеска во пресрет на 22 март, Светски ден на водите.

Еколошката акција ја организира граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сѐ“, а ќе се одржи на Кејот на реката на Вардар во Скопје.

– Неконтролираното исфрлање на цврстиот отпад на крајбрежјата на реките и езерата е еден од најсериозните проблеми за нивното загадување. Поради отсуството на контрола и санкционирање на несовесното фрлање на комуналниот отпад, покрај водотеците и во градските населби и во селските средини се создаваат диви депонии. Од нив голема количина пластика завршува во водите, предизвикуваат контаминација на подземните води, а потоа истата вода се употребува за наводнување на земјоделските производи. Отпадот наместо да биде соодветно собран, класифициран и обработен, целосно ги загадува водите, информираат од Институтот за комуникациски студии.

Би можело да ве интересира

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска

„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Ана Ололовска

Интерактивната еко-мапа со цел полесно лоцирање и решавање на еко-проблеми

Ана Ололовска

Предлог за одземање на Б интегрирана дозвола на погон за горење гуми и пластика во Штип

Ана Ололовска