Еко инвестиции во уште една детска градинка во Аеродром: Објектот „Пчелка 2“ добива нова енергетски – ефикасна фасада

Од:

Со новите градежни зафати кои деновиве се реализираат, објектот „Пчелка 2“ кој е дел од детската градинка „Буба Мара“ добива нова енергетски – ефикасна фасада со која објектот ќе биде целосно енергетски ефикасен. Со тоа значително ќе се подобрат условите за згрижување на децата, ќе се подобри средината во која тие растат и се едуцираат и ќе се заштеди електрична енергија. Финансиски средства кои ќе бидат заштедени на овој начин во следниот период ќе бидат инвестирани во нови проекти наменети за дечињата во Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски во својата фејсбук објава истакна дека преку рамномерни инвестиции во сите населени места и сите сфери на живеењето, Општина Аеродром ги подобрува условите за живот, раст, развој и едукација, а со инвестициите во еко проекти се унапредува животната средина и се придонесува за креирање одржлива средина за живеење.

„Реконструкцијата на оваа и останатите детски градинки е значаен чекор кон одржлива иднина. Ваквите проекти и новите паркови кои се изведуваат на неколку локации во Аеродром се наш придонес за здрава животна средина и тие ја потврдуваат нашата решеност за Аеродром да биде чиста и зелена општина, лидер во енергетска ефикасност и одржливост“, велат од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче