Екипите на Град Скопје интензивно работат на расчистување на снегот

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари.

Како што информираат од Град Скопје, за чистење на тротоарите на улиците и булеварите, како и на плоштадите и јавните површини, ангажирани се 158 работници од ЈП „Комунална хигиена“ кои се на терен во три смени со луѓе и со механизација.

Расчистувањето се врши на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и „ВМРО“, се расчистува Старата Скопска Чаршија, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, „Око“, „Слобода“, Камениот Мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, како што се наведува, изминатите денови работеа на санација на дупки на улица „Никола Парапунов“, булеварите „Илинден“, „Александар Македонски“, „Партизански Одреди“, како и на улиците „Козле“, „Борис Сарафов“, „Перо Наков“, „Ѓорче Петров“ и Качанички пат, каде се употребени 10 тони ладна асфалтна маса.

Од Градот, апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош