Екипата „Dream Killers“ победник на програмерскиот маратон „Codefest“ во Охрид

Од:

Студентите од ФИНКИ Васко Теохаров, Христиан Илиоски, Симеон Здравески и Никола Кусибојски обединети во екипата „Dream Killers“ се победници на програмерскиот маратон „Codefest“ што викендот се одржа во Охрид.

Тие беа најдобри во силна конкуренција од 54 тимови програмери од целиот свет што учествуваа на 32-часовниот маратон во програмирање, во кое разработуваа свои креативни идеи и решенија во областа на информатиката.

Годинешниот етврти по ред „Codefest“ се одржа со проширена агенда, на која покрај натпреварувачкиот дел имаше и научна конференција, како и саемски дел на кој се презентираат познати брендови од областа на информатичката технологии.

Во Охрид беа присутни и претставници на повеќе акцелератори и инвеститори подготвени понатаму да работат со анјдобрите екипи од маратонот по програмирање, но и да инвестираат во најдобрите идеи.

Што се однесува на конференцискиот дел од „ Codefest“, свои презентации ќе имаат 24 предавачи односно експерти од повеќе области како технологија, иновации, дигитален маркетинг, стартапи и инвестиции.

„Codefest“ е дел од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME), која е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on