ЕК одобри нови 17 милиони евра помош за Македонија и Србија

Од:

Колеџот на комесари на Европската комисија синоќа усвои нов пакет за помош на земјите од процесот на проширувањето што се загрозени од напливот на бегалци и емигранти. Притоа, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на Македонија и Србија се додрлрни дополнителни 17 милиони евра помош.

Откако пред почетокот на вчерашниот состанок, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан порача дека Европската унија и натаму ќе им помага на Македонија и на Србија, кои според него се жртви на ситуацијата со бегалците и емигрантите, заедно со своите колеги еврокомесари, тие одлучија на двете балкански земји да им дадат дополнителни 17 милиони евра за помош во справувањето со проблемот со бегалците. Претходно, преку Инструментот за предпристапна помош (ИПА), ЕУ најави дека за Македонија ќе се релоцираат 24 милиони евра, а за Србија околу 50 милиони евра со цел справување со бегалската криза.

Како за споредба, поради тоа што се справува со речиси два милиони бегалци, за истата оваа намена, ЕК синоќа одобри една милијарда евра помош за Република Турција.

– Ние и понатаму ќе им помагаме на земјите како БЈР Македонија и Србија. Бев во првата земја минатиот викенд, а во петок ќе патувам во Србија, за заедно со премиерот да ги посетам бегалските кампови и да добијам личен впечаток за ситуацијата. Но и тука Европската унија е подготвена да помогне со цел да се справивме со овие предизвици, бидејќи, што е важно да се напомене, ова не е проблем на земјите од Западен Балкан. Тие, исто така се жртви на ситуацијата и затоа ние мораме да им помогнеме, истакна комесарот Хан.

Во однос на „жешките точки” предвидени за прием и регистрација на бегалците, Хан рече дека ќе се постават во Грција и Италија, но не и кај земјите од Западен Балкан кои, како што потврди – се жртви на бегалската криза.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови