ЕК ја поддржува иницијативата на Иванов

Од:

Европската комисија целосно ја поддржува иницијативата на претседателот Ѓорѓе Иванов за формирање на експертска група што ќе ги разгледа околностите за настаните на 24 декември минатата година и ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ внимателно да го разгледаат овој предлог. Ова е пораката што во име на Комисијата денеска ја соопшти Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за прошриување Штефан Филе.

– ЕК целосно ја поддржува иницијативата и ги повикуваме двете страни внимателно да ја разгледаат, бидејќи мислиме дека е многу важно да се истражат и анализираат настаните што претходеа, што донесоа и следеа по настаните во и околу Парламентот тој ден. Ние сметаме дека работата на таквата комисија треба да биде независна, непристрасна и базирана на европските стандарди, земајќи предвид меѓународна експертиза за она што ќе го констатира за тоа да биде објективно, изјави Стано за дописникот на МИА од Брисел.

Според гласноговорникот на Европската унија, многу е важно дека препораките и заклучоците од работата на таквата комисија ќе бидат земени предвид и од страна на Европската комисија во подготовката на пролетниот извештај за Македонија.

– Тоа значи дека резултатите од работата на оваа експертска група нема да завршат под тепих, потенцира Стано.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги