ЕК бара компании за обнова нa 10 железнички станици во Македонија

Од:

Европската комисија денеска на својата интернет страница објави оглас со кој бара компании за рехабилитација, надградба и реконструкција на 10 железничките станици во Македонија долж пан-европскиот коридор 10, вклучувајќи го и кракот 10-д, согласно најдобрите практити во Европската Унија.

Со проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција ќе бидат опфатени железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Краен рок за поднесување на понудите на заинтересираните компании е до 30-ти следниот месец до 12 часот.

Целта на проектот е подобрување на целокупниот квалитет на услугите за патниците и карго-превозот, зголемувајќи ги техничките стандарди и капацитети на 10 железнички станици кои се лоцирани на коридорот 10 и кракот 10-д во Македонија.

– Предвидено е реновирање и надоградба на сите главни елементи на железничките станици, како што се водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт (јавен и индивидуален). Посебно внимание при реализирањето на овој проект ќе се обрати на подобрувањето на пристапноста за лицата со намалена подвижност, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Со проектот, меѓу останатото, ќе бидат целосно заменети крововите, подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети кои ќе бидат посебно оспособени за користење и од страна на инвалидизирани лица. На платото пред влезот во железничките станици од страна на улицата се предвидува рампа за непречен пристап, а поради сигурност платото е предвидено да се поплочува со тактилна предупредувачка лента по рабовите.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов