Васко Ефтов на својата Фејсбук страница го кажа својот став во однос на прекинувањето на емисијата „Во Центар“ од страна на Алсат-М телевизија. Неговиот текст ви го пренесуваме во целост без интервенции, како што беше објавен:
Но да се вратиме на Алсат М. Првата сезона ние ја завршуваме со просечна гледаност двојно поголема од денешната и со пик на гледаноста кој често одеше до сто иљади. За следната сезона 2012/2013 ние исто така договаравме емитување на емисијата Во Центар на Алсат М Телевизија со плаќање од моја страна, но луѓето од Телевизијата побараа тоа да го направиме во кеш.
Бидејќи немам доказ за тоа, за таа работа не можам да коментирам. Доаѓаме до клучната 2013 година. На 3 јуни 2013 година Зоран Заев победи и стана Претседател на СДСМ. Веќе на 13 јуни 2013 година еден од (тогаш) многу експонираните „соросови” играчи, Кирил Ефремовски, на својот фејсбук профил напиша, цитирам:
„Талибанецот” на Натка го избркале од Алсат М. Јас не знам што чекале до сега. Завршен цитат.
Подоцна тоа младо момче ја уредуваше фан страната на нашата позната новинарка, чија фотографија прегрната со дел од уредништвото на Алсат М можевте да ја видите за време на студентските протести, Јавна тајна е дека таа позната новинарка е во блиски финансиски и секакви други односи со еден наш познат банкар, а близок (баш близок) роднина на тој наш познат банкар е еден од четирите првоосомничени во аферата Пуч.
Не го сватив серизоно тоа пишување на Ефремовски, а очигледно требаше. Тоа лето 2013 година јас ги купив новите камери и го опремив моето ново монтажно студио (што ќе рече по пат на земање кредит влегов во голема инвестиција) и плус тоа со моја сопруга дознавме дека чекаме дете.
За да имам „мирно море” за мојата емисија Во Центар, јас на Алсат М им понудив, а тие прифатија, во 18 месечни рати да им исплатам 15 иљади евра во нето вредност, за емитување 50 емисии, во периодот од септември 2013 до декември 2014 година. Јас мислев дека е се во ред со продолжување на мојата емисија на Алсат М Телевизија, бидејќи тој предлог беше прифатен од нивна страна.
Некаде околу 20 август 2013 година бев на преговори за продолжување на годишниот договор за рекламирање во емисијата Во Центар на една позната компанија (да не и го споменувам тука името од разбирливи причини) која важи за многу блиска до Алсат М Телевизија.
На таа средба шефицата на маркетингот на таа компанија, со која сме пријатели долги години, ме информираше дека немало да ми биде продолжена соработката со Алсат М Телевизија. Побарав средба со уредничкиот тим на Алсат М и на таа средба ми беше кажана истата работа.
На моето прашање зошто тоа не ми го кажаа во јуни тие креваа со раменици. Тевизијата одби 15 иљади евра!? Во вакво време кога секој денар е важен тие одбија и одлична емисија и плус 15 иљади евра. Звучи по малку неверојатно. Зошто тоа го направија!? Веројатно некој платил повеќе за да нема моја емисија.
Бидејќи јас бев долгогодишен пријател со Веби Велија, татко на денешниот газда на Алсат М Телевизија (како компромисно решение) од негова страна ми беше понудено да имам емисија на Алсат М ама да снимам само регионални емисии. Значи не беше проблем Во Центар да оди на Алсат М ама да нема домашни, односно македонски емисии.
Тоа беше понизувачка понуда. Зошто ја прифатив? Ако прифатев понуда и се договорив со некоја провладина Телевизија ќе бев масакриран од вас како мои редовни гледачи. Плус тоа бидејќи Соња беше во трет месец на бременост оценивме дека не се потребни дополнителни стресови и дека како така треба да ја истуркам таа сезона.
Ако се сеќавате тогаш ми беа нарачувани оние пишувања по порталите дека со тоа што третирам само регионални теми и дека шетам во босанските брда и правам емисии за Тито јас сум одработувал за Груевски. Односно, намерно сум правел само странски емсии за да не го критикувам и не го напаѓам Груевски.
Сега го добивте одговорот зошто тоа било така. Мислев дека ќе помине тоа лудило. На 12 март се роди Елени, а само три дена после нејзиното раѓање јас заминав на снимање во Белград и Хрватска. По враќањето го замолив газдата на Алсат М да ми дозволи во април и мај да снимам домашни емисии бидејќи не можев да ја оставам Соња да биде само во Скопје со Елени додека јас снимам по Балканот.
Се беше во ред до емисијата Византиски Игри во опоизицијата. Во таа емисија Драгиша Милетиќ кажува дека пред локалните избори 2013 година Зоран Заев му се јавувал и го контактирал дали би бил спремен со печат од неговата партија-Српска Радикална Странка ако се покаже за потребно и Заев како Стевчо Јакимовски да го кандидира за градоначалник на Струмица. Неколку дена после таа емисија ми стигна СМС порака од директорката на Алсат М Телевизија, Бисера Јордановска.
Цитирам: Размисли за меѓународни теми и домашниве веќе не.
Ги снимив уште емисиите за ХААРП-от и за Кристијан Голубовиќ и така заврши ланската сезона, крајно понизувачка од односот на естаблишментот на Алсат М, но со фантастични интервјуа.
На пример интервјуто со Миломир Мариќ само на Јутубе е гледано повеќе од 200 иљади пати. Бидејќи имав веќе на масата две понуди да ја префрлам емисијата на друга Телевизија прегоиворите со Алсат М за оваа сезона одеа многу полесно.
Мојот услов беше 50 отсто домашни и 50 отсто странски емисии и без никакви плаќања од моја страна. На еден вечерен состанок (бидејќи тоа беше во периодот на рамазанските пости) со газдата на Алсат М, Ферик Велија ние се договоривме и тие ги прифатија моите услови.
Во оваа сезона ние го имавме интервјуто со Биљана Ванковска и немаше никакви проблеми од страна на Алсат М. Што ќе рече го почитуваа тој договор 50 отсто домашни и 50 отсто странски емиси.
И тоа трае се до почетокот на аферите со бомбите. Но на 16 фебруари (тоа е понеделник) или еден ден пред емитувањето на мојата емисија добив повторно порака од директорката Бисера Јордановска.
Цитирам: Васко, нема Шанси да ја пустам емисијата – се договоривме дека нема домашни теми и нема отстапки.
Тоа беШе емисијата со моите пријатели Ким Мехмети и Златко Кешковски за бомбите која само на ЈуТубе бесе гледана повеке од 62 иљади пати.
Имавме состанок со дел од менаџментот на Телевизијата каде тие го понудија тој договор во кој се инсистираше во емисијата Во Центар да нема емисии од домашната дневно-политичка сцена.
Прифатија да биде емитувана уште емисијата со Фрчкоски и со Цуцуловски која на ЈуТубе стигна до гледност од 54 иљади пати.
Ми бесе јасно дека по секоја цена ке направат се да биде прекината емисијата. Но тоа не смеев да го направам јас. Потребно беше да го направат тие.
Да види и слушне јавноста за што станува збор. Кога веќе во мојата емисија не можев да ги презентирам моите ставови за дневно политички теми и анализи јас ги прифатив поканите да гостувам на други Телевизии.
Ако можев да снимам мои емисии за бомбите и содржината на бомбите јас никогаш немаше да прифатам гостувања на други Телевиизии, како што тоа впрочем го правев во текот на целата моја кариера.
Односно го почитував мојот принципиелен став – се што имам да кажам, да кажам во мојата емисија.
И тогаш почнаа плукањата нарачани од страна на сегашната опозиција и од страна на дел од вработените во Алсат М.
Дури беше пишувано и беше плукано по Телма зошто ме поканила во дебатна емисија. А колешката Лупевска е сведок дека четири пати ја одбив да гостувам во таа емисија бидејќи знаев какво е сценариото на Заев и Шекеринска: Да работат на забранување на мојата емиисија.
И тоа го правеа од кога дојдоа на чело на СДСМ. И да ги нарачуваат сите оние гнасни плукања и навредувања по опозициските портали. Сега за сите кои ме прашувавте што имам против Заев и Рада!? Ништо лично, само се бранев себеси, моето семејство и мојата емисија.
Сите кои го гледаа срамното интервју на Заев на Алсат М, во кое се переше за глупостите кажани во интервјуто на 24 Вести каде ги призна пишаните пораки кои си ги имале со Верушевски, сега им е јасно.
Нема потреба од повеќе објаснување. Оваа е валкана војна. Јас сите мои битки сум ги добил, ќе ја добијам и ова. Ова е не е моја битка со опозицијата. Ова е моја битка со Заев и Шекеринска и нивното сваќање на демократијата во која нема место за нивните неистомисленици.
Да сте живи и здрави и да се дружиме уште сто години.