Едукативна тура во чест на Денот на ослободувањето на Скопје

Од:

Во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје денеска се одржа бесплатна едукативна тура „По стапките на ослободителите“, во која граѓаните имаа можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 74 години.

Збирното место за учесниците во турата беше напладне, пред Музејот на илегалните работилници за оружје, на кејот на реката Вардар, a низ историските настани поврзани со ослободувањето на Скопје граѓаните ги водеше Бобан Ѓорѓиевски, професор по историја во СУГС „Кочо Рацин“.

Присутните граѓани имаа можност да го разгледаат музејот сместен во некогашната работилница на електромеханичарот Серафим Видовски каде што е формирана првата илегална работилница за оружје во градот, а која работела од почетокот на август до 4 декември 1941 година, и да дискутираат за значењето на овој објект, за изложените експонати и за идејата за слобода.

Турата продолжи пеш кон Споменикот на деветте стрелани скопјани кај Камениот мост и кон плоштадот „Македонија“ каде што граѓаните дознаа нешто повеќе за улогата на плоштадот на денот 13 Ноември и спонтаната народна веселба што се одржала по ослободувањето на Скопје, а на која присуствувале главните чинители на ослободувањето и членови на президиумот на АСНОМ.

Едукативната тура заврши пред Споменикот на ослободителите пред Владата на Република Македонија каде што се говореше за настаните поврзани со заземањето на некогашната Женска гимназија.

Ваква едукативна тура ќе се одржи и утре (11.11.2018 година, недела) со почеток во 12 часот, пред Музејот на илегалните работилници за оружје (зад Археолошкиот музеј, на кејот на Вардар), по истата рута.

Во понеделник и во вторник (12 и 13.11.2018 година), пак, едукативната тура „По стапките на ослободителите“ Градот Скопје ќе ја организира и за учениците од градските средни училишта.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција