Едукативна противпожарна вежба за основците од Миравци

Од:

Вработените во територијалната противпожарна единица од Гевгелија во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, денеска реализираа теоретска и практична настава за учениците од основното училиште „Климент Охридски“, во Миравци.

Во едукативната вежба активно учество зедоа наставниците и учениците од седмо осмо и деветто одделение кои од страна на пожарникарите беа запознаени со практичната употреба на ПП апаратите и со директно гасење на контролиран оган на отворен простор.

Слични едукативни вежби од областа на противпожарната заштита веќе беа организирани во сите гевгелиски училишта како и во повеќе стопански капацитети на територијата на општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче