А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Едукативен час за првооделенци за одговорно сопствеништво

by А1он15/02/2017 - 16:4587
Share0

Тресеттина првоодделенци од скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ беа дел од првиот едукативен час за одговорно сопствеништво кој го одржаа претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Добивај вести на вибер

Станува збор за активности кои почнувајќи од денес, Агенцијата ќе ги реализира во неколку основни училишта во земјава, како дел од втората фаза од регионалната кампања „Биди неговиот херој“ на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за подигнување на јавната свест за одговорното сопствеништво. Македонија оваа кампања заедно со соседните земји Србија, Бугарија, Косово, Албанија и со Хрватска и Црна Гора почна да ја реализира во мај минатата година.

Димитар Терзиевски, помошник раководител на Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните на работилницата истакна дека преку оваа кампања се создаваат добри вредности и навики кај најмладата популација – децата за тоа што е одговорно сопствеништво и како треба да се однесуваат кон домашните миленици за да се обезбеди нивна и соодветна здравствена заштита и благосостојба и на бездомните животни.

Александар Филипчев, директор на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ ја поздрави реализацијата на кампањата и апелираше кон повикот на Агенцијата за соработка, да се одзват и другите училишта, бидејќи станува збор за едукативна кампања од која децата од најрана возраст учат како да се грижат за животните, но и како да се заштитат.

Анета Николова Стојановиќ и Срѓан Мештеровиќ вработени во Агенцијата заедно со кучето Агата, на првоодделенците практично им објаснија како треба да постапуваат со кучињата, со домашните миленици, како да им пријдат, да ги погалат, да ги нахранат, но и какво треба да биде нивното однесување и кон нив и кон бездомните животни.

Како дел од едукативната работилница, на децата им беше поделен промотивен материјал, едукативни боенки за одговорно сопствеништво, брошури, прашалници за потенцијалните одгледувачи на кучиња и постери.

skopje

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски05/09/2025 - 09:16

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 09:47

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 09:45

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он30/08/2025 - 19:5430/08/2025 - 20:34

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он30/08/2025 - 17:2530/08/2025 - 19:10

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат

Горан Наумовски24/08/2025 - 15:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен