Еднопартизмот како вонстатутарно правило во работните тела на Oпштина Гевгелија

Од:

Советот на општина Гевгелија одби да даде автентично толкување на членот  52 и 70 од Статутот на Општината со кои се регулира  материјата за начинот на формирање на комисиите и другите тела на Советот на општината, како и управните  органи на јавните општински претпријатија и институции.

Вакво барање до Советот достави советничката група на СДСМ со цел да ја обезбеди статутарната регулација за застапеноста на политичките партии што партиципираат во локалниот општински совет и во работните тела и комисиите, пропорционално на застапеноста во општинскиот Совет.

Наместо автентично толкување, мнозинството советници од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ бараа преформулација на барањето.

„Како да се преформулира барање за автентично толкување. Или нешто се толкува автентично или има друга позадина“, велат од опозициониот СДСМ.

Не сакајќи да го прочитат напишаното, а уште помалку да го применат, мнозинството од  Советот го одби барањето, а потоа го изгласа еднопартискиот состав на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Гевгелија.  Со тоа опозицијата остана надвор од составот на постојаните комисии и управните органи на јавните институции и претпријатија.

Ова е доказ за кршење на Статутот на општината и на последната деветта седница на општинскиот Совет. Пред сувопарната одбивност на предлогот, внимателните читачи на статутарните одредби увидоа дека е потребно да се почитуваат „претходно доставени предлози од политичките партии застапени во Советот, при што води сметка за примена на принципот за нивна пропорционална застапеност во комисиите, имајќи го предвид вкупниот број на комисиите на Советот“(член 52 од Статутот на општината).

Такви предлог-листи не беа побарани ниту за деветтата, ниту за втората седница кога беа конституирани повеќето комисии за локалниот совет.  Мал знак за подготвеност да се исправи пропустот беше најавата усно да се преформулира барањето за да биде прифатено. И толку од компромисот. Се премина на поединечно јавно изјаснување. Притоа, мнозинството советници линеарно го одбија предлогот за автентично толкување на членовите 52 и 70 од Статутот, кој налага пропорционален состав од претставниците на политичките партии  во изборот на членовите на комисиите и управните тела на институциите што се под општинска капа.

Незадоволни од разговорот на глуви, советниците на СДСМ ја напуштија седницата на Советот и го оставија мнозинството сам да се предлага, гласа и именува и на таков начин да ѝ покажат на јавноста кој го крши статутот и за кого статутарните одредби се само непотребно четиво за кое не сакаат да се дебатира.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он