Еднократна парична помош за новороденчињата во Кисела Вода

Од:

Семејствата со живеалиште на територијата на Кисела Вода кои имаат бебе родено во периодот од 20 јуни 2013 до 31 декември 2013 година ќе добијат еднократна парична помош од 6.000 денари, одлучи Советот на Општина Кисела Вода. За реализација на оваа програма до крајот на 2013 година општината има планирани дополнителни два милиона денари.

– Оваа одлука е за поздравување бидејќи падот на наталитетот е проблем со кој се соочува не само Македонија, туку и речиси сите земји во регионов и повеќе од Европската унија. Оваа одлука за доделување 6.000 денари за новородено дете е донесена во вистинско време, рече на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој очекува дека тоа ќе ги поттикне брачните парови да размислат за проширување на семејството и, како што рече, ќе придонесат за зголемување на наталитетот во Македонија.

Кисела Вода, додаде Спасов, им се приклучува на општините Делчево, Лозово, Старо Нагоричани, Новаци, Аеродром, Центар, Карпош и Демир Капија кои исплаќаат додаток за секое новородено дете, и на Берово и Кратово кои исплаќаат додаток за прво родено дете.

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ информираше дека еднократната парична помош ќе се доделува по поднесено барање и потребна документација од семејството до општина Кисела Вода. Двајцата родители треба да се жители на општината и покрај барањето, кое можат да го подигнат од општината, треба да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), како и Извод од матична книга на родените за новороденчето. Барателите кон пријавата треба да приложат и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ