Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај селото Српци

Од:

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа што рано изутринава во 4:30 часот се случи во близина на селото Српци, на магистралниот пат Прилеп – Битола.

Според соопштението од полицијата, сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од А.Р.(42) од Охрид и патничко возило „Киа Соренто“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.К.(25) од Скопје.

Во незгодата возачот на „БМВ“, А.Р. починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила Р.С.(36) од Охрид, која му била сопатничка. Со телесни повреди се здобил и вториот сопатник во возилото Е.С.(41) од Охрид. Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на „Киа соренто“, Т.К.

Повредените биле пренесени во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош.

СВР-Битола на местото на настанот извршила увид. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он