Едно лице загина во сообраќајка во битолското село Средно Егри

Од:

СВР-Битола соопшти дека утрово околу 03.15 часот во битолското село Средно Егри се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби Г. Р. роден во 1994 година, жител и живее во селото Средно Егри.

Сообраќајната незгода,соопшти Магдалена Димитровска портпарол на СВР-Битола, се случила пред куќа во селото Средно Егри, а возачот учесник во сообраќајната несреќа починал на лице место.

– Возачот Г.Р. управувал патничко моторно возило марка „Опел корса“ со битолски регистерски таблици. Сообраќајната незгода се случила на тој начин, што, возачот кој управувал со патничкото моторно возило изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од коловозот, па потоа на десната страна каде удрил во дрво по што возилото се превртело и удрило во ограда од дворно место, појасни Димитровска.

Истражен судија и јавен обвинител од Битола извршија увид на местото на насреќата и наредија да се изврши обдукција врз Г.Р. за да се утврдат причините за оваа сообраќајна.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени