Eдно лице загина во сообраќајка на патот Гостивар-Градец

Од:

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 4:30 часот во близина на гостиварското село Топлица на регионланиот патен правец Гостивар-Градец.

Од СВР Тетово информираат дека Сеадин А.(40) од Падалиште, гостиварско, кој управувал со автомобил „пежо 306“, при излетувањето удрил во ограден ѕид од куќа. Непосредно по несреќата, била повикана брза помош од Гостивар, но дежурниот лекар констатирал смрт на возачаот кој бил сам во возилото.

Увид на местото на настанот извршиле, јавен обвинител, истражен судија и екипа на СВР Тетово.

Според првичните сознанија, како причина на несреќата се наведува не прилагодена брзина на движење. Телото на починатиот возач е дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он