Едно лице загина во сообраќајка кај Лева река

Од:

Четириесет и шест годишен охриѓанец го загуби животот во сообраќајна незгода што утрово се случила на регионалниот пат Битола – Охрид во близина на Лева река.

Портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова информира дека возачот Наум П. роден 1970 година починал на местото.

–  Околу 5 часот и 30 минути  пријавено е дека автомобил марка „Ауди А3“ со охридски регистарски ознаки излетало од патот. Во возилото било едно лице кај кое  е констатирана смрт, изјави Стаматова.

Полициска екипа од СВР Битола и Јавен обвинител направиле увид, а истрагата ќе ги покаже причините за незгодата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он