Едно лице загина во сообраќајка кај Кривогаштани

Од:

Игор Рипилоски (34) од Кривогаштани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово пред влезот на селото.

Во незгодата е повреден Пеце Митрески (24) кој веднаш е префрлен на лекување во прилепската градска болница.

Според истражниот судија Јованка Иваноска, до несреќата дошло околу 5.30 часот кога од засега непознати причини автомобилот марка голф со битолски регистерски таблички удрил во бетонски електричен столб. Возачот Рипилоски починал на самото место.

Истражниот судија нареди обдукција на телото на загинатиот за да се утврдат причините за смртта.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски