Едно лице загина во сообраќајка кај Кичево

Од:

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа, во 22 часот и 20 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на населбата Горица. Од здобиените повреди на местото починал Аднан А.(26) од Кичево, а А.Л. (26) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди. Тој итно е префрлен во Општата болница во Кичево, а потоа испратен во Ургентниот центар –Скопје.

Сообраќајната несреќа се случила кога, сега починатиот, по магистралниот пат во правец Охрид-Кичево, управувал патничко моторно возило „Опел Вектра“ со кичевски регистарски таблици. Тој почнал да врши престигнување на патничко возило „Волсфаген Пасат“, по што изгубил контрола, преминал на левата страна од патот и излегол надвор од коловозот. Во следниот момент, возилото се извртело и со бочниот десен дел удрило во рекламното пано и повторно се извртело. Возачот и сопатникот А.Л. испаднале од возилото, кое потоа со задниот лев дел удрило во патничко возило „Поло“, кое било паркирано во кругот на блиската бензиска пумпа.

– На местото на сообраќајната несреќа извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Опел Вектра“ е подигнато за понатамошен технички преглед, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски