ВИДЕО: Едно лице загина во пожарот што го зафати кумановското село Кокошиње

Од:

Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, најверојатно задушено од чад, во пожарот што го зафати денеска ова село, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Додаде дека сопругата на загинатиот била успешно евакуирана.

Во видеоизјава Ангелов информира дека во текот на денешниот ден имало над 30 пожари на отворено.

-Покрај оние пожари, кои во текот на вчерашниот ден продолжија да горат и денеска, околу пладне се појавија повеќе од 15 пожари на отворено, коишто поради ветрот со голема брзина почнаа да се шират и зафатија повеќе села, кои се безмалку напуштени, со малку жители или без жители. Меѓутоа, 15 села беа зафатени од пожарите на отворено, рече Ангелов.

Информира дека на територија на Општина Куманово биле зафатени три села од пожарите – Кшање, Кокошиње и Мургаш, каде што има претежно викендички.

-Во овие села се изгорени по неколку куќи, претежно стари куќи. На територија на Старо Нагоричане од пожарите се зафатени три села – Малотино, Руѓенце и село Коњук во коишто исто така има малку жители, и немам информација колку од куќите се стари и напуштени, а колку се населени, рече Ангелов.

Во светиниколско три села се зафатени од пожарите, додека во селото Немањици од пожарот се изгорени една четвртина од куќите, вели градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Младев.

Во моментот со огнената стихија се справуваат пожарникари од Свети Николе, доброволци, месното население, пожарникари од Штип, Неготино и Кавадарци и Велес.

На терен е присутна и војската, а еден хеликоптер интензивно ги гаси куќите кои горат во село Немањици.

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски