Едно лице загина, двajцa се тешко повредени во сообраќајка на патот Битола-Ресен

Од:

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен маж од ресенско село.

Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале возило марка „БМВ” управувано од 46 – годишен жител на ресенско село кој удрил во возило „пежо”, а потоа патничкото возило „пежо“ удрило во друго возило „БМВ” управувано од 47 – годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. Од ударот на лице место починал 46 – годишниот возач на „БМВ”, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ” се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Регионалниот пат од м.в.Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат, потврдија за МИА од СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он