Едно лице загина, друго е поврдено во сообраќајка на патот Кавадарци-Росоман

Од:

Едно лице загина, друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај месноста Северова Падина, потврди утрово Анита Стојковска, портпарол во СВР Велес.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „опел омега“ со кавадаречка регистрација управуван од кавадарчанец роден 1979 година, мопед „томос“ управуван од 20-годишен неготинец и пешак од Кавадарци, роден 1979 година.

– Возачот на мопедот заедно со пешакот стоеле на десниот раб од коловозот при што наишол патничкиот моторен автомобил и при заобиколувањето удрил во нив. Од ударот, на лице место загинал моторциклистот, а пешакот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во кавадаречката болница по што бил пуштен на домашно лекување, појасни Стојковска.

На лице место увид извршија јавен обвинител, истражен судија, увидна екипа од СВР Велес, соопшти Стојковска.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он