Едно лице загина, а две се повредени во страшна сообраќајка кај Миладиновци

Од:

Синоќа околу 01:00 часот на автопат Велес-Куманово кај клучка Миладиновци се случи сообраќајна незгода при што патничко возило „Матиз“ со кумановски регистерски ознаки се превртело.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Душко Р. (61) од Крива Паланка и истиот бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде околу 01:50 часот им подлегнал на повредите, додека со телесни повреди се здобиле возачот Б.Н. (59) и сопатничката С.Р. (58) и истите биле пренесени во Ургентен Центар и ГОБ„Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот и извршен е увид. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он