Едно лице повредено во сообраќајка на патот Кавдараци – Неготино

Од:

Едно лице е полесно повредено во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на регионалниот пат Кавадарци Неготино, потврди за МИА доктор Ѓерасим Петров од Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.

– Во сообраќајката учествувале две возила со неготински регистарски ознаки од кои едното изгубило контрола и се превртило при што застанало на кров. Едно лице е со лесна повреда. Во едниот случај се работи за таксист, а во другиот момче кое од Кавадарци се враќало за Неготино, рече Петров.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, во  19.50 часот на регионалниот  пат Кавадарци-Неготино кај населбата Глишиќ,  патнички автомобил од засега неутврдени причини се превртел на коловозот и по кратко во него удрило такси возило.

– Според досегашните  информации  едно лице се здобило со телесни повреди и било бил однесено во Здравствен дом  Кавадарци заради укажување лекарска пмош. Увид на лице место врши увидна екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци, вели Стојковска.

Поради сударот, од 20 до 20.30 часот, сообраќајот на патот Кавадарци – Неготино беше во прекин.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат

Осуммина тешко повредени во верижен судир кај Битола, патот е затворен

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница