Едно лице потешко повредено во сообраќајна незгода кај Зајас

Од:

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила синоќа во близина на селото Зајас во месноста викана „Туфково маало“.

Незгодата се случила околу 19 часот меѓу патничко возило „хундаи галопер“ управувано од Ш.В.(34) и патничко возило „сеат ибица“ управувано од Е.Е.(41), двајцата од село Колари.

По незгодата, двајцата биле пренесени во Општата болница во Кичево, каде на возачот на „ибицата“ му биле констатирани тешки телени повреди.

Екипа на Одделението за внатрешни работи во Кичево извршила увид на местото на несреќата. Причините и направената штета допрва ќе се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он