Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Куманово

Од:

Едно лице е потешко, а тројца се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 21:15 часот на крстосницата помеѓу регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, соопшти денеска МВР.

Во несреќата учествувале два автомобили „Југо“ управуван од 30-годишната Р.К и „Шкода“ управуван од 38-годишниот З.П.

Во несреќата се повредени двајцата возачи и две сопатнички, од кои едната е со тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршиле екипи на СВР Куманово кои работат на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски