Едно лице настрада во пожар во стан во Куманово

Од:

Едно лице почина во пожар што избувна денеска претпладне во стан во зградата 58 на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Според првичните информации, станува збор 66-годишниот Б.С., сопственик на станот. Пожарот избувна во 10:45 часот, а пожарникарите веднаш интеревенираа и за кусо време го локализираа пожарот.

– Пожарот беше пријавен во 10.45 часот, излеговме на интеревнеција со едно противпожарно возило и петмина пожарникари. Гореше дневната соба, а имаше и едно лице со изгореници. Успеваме да го изгаснеме пожарот, изјави Драган ЃелиЌ, командир на смена од територијалната противпожарна единица Куманово, додавајќи дека не биле зафатени другите соби во станот и дека не постоела можност за проширување на пожарот на соседните станови.

И екипи на итната помош веднаш излегоа на терен. Од одделението за хирургија во општата болница во Куманово информираат  дека лицето починало на пат кон болницата.

– Лицето имаше изгореници од трет и четврт степен и не даваше знаци на живот, вели хирургот Борче Божиновски.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат. На увид излегоа увидни екипи од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче