Еден загинат во сообраќајката на патот Кичево – Охрид

Од:

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како што изјавија за „А1он“ од охридската полиција, несреќата се случила околу 14 часот, кај селото Добреноец.

„Едно лице го загуби животот. Во незгодата учествувале две возила со кичевски ознаки, едното е „фолваген пасат“, а другото е „сузуки марути“. Има и повредени патници, но засега нема информација за колку лица станува збор“, вели портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски.

Во моментов се врши увид предводен од јавен обвинител и полициски екипи. Има застој во сообраќајот во двата правци.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он