Едно гласачко место во Гостивар неотворено поради одрон на пат

Од:

Изборниот процес во општина Гостивар утрово почнал без проблеми, информира Општинската изборна комисија. Од 89 гласачки места, само едно не е отворено навреме.

– Причината е одрон на пат кој го попречил движењето на членовите на избирачкиот одбор кон селото Ќафа. Има најави дека избирачкото место 782 ќе биде отворено и да им се овозоможи на 41 избирач да го остварат своето право на глас, рече потпретседателот на ОИК Гостивар.

Во избирачки список за годинашните избори се запишани 75.109 гласачи. Вчера гласале повеќето од 330-те лица кои биле пријавени како болни и изнемоштени.

На овие избори гостиварци може да гласаат за седум листи за кандидати за советници и за петмина кандидати за градоначалник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија