Една жртва во пожар во Отошница

Од:

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека изминатото деноноќие, покрај снегот и студеното време, имало повеќе пожари и едно починато лице.

Според податоците од Регионалниот ЦУК Куманово, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, околу 04:20 часот интервенирале на опожарена куќа во село Отошница. Во пожарот имало и починато лице.

– За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и „ЕВН“ да ја исклучи струјата во тој реон. За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР и СВР Куманово, се појаснува во соопштението на ЦУК.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово од 04:25 до 05:45 часот, со седум пожарникари и едно возило интервенирале и на опожарена куќа на улицата „716“ број 9 во населбата „Баново Трло“.

– Пожарникарите од БППЗ на градот Скопје имале една интервенција, поради запален оџак. ТППЕ Охрид, во текот на денот имала четири интервенции поради запалени оџаци. ТППЕ Кичево имала една интервенција поради запален оџак. ТППЕ Прилеп од 20:12 до 21:35 часот, со четири пожарникари и едно возило, гаснела опожарен дел од мотор на автобус на патниот правец село Беловодица – Прилеп. Имало и една помала интервенција поради запален оџак, додаваат од ЦУК.

За 24 часа имало вкупно 1.891 повик на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици биле 41,41 отсто, а 58,59 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 55,03 отсто, кон Итната медицинска помош 30,47 проценти, кон пожарникарите 0,89 отсто, а кон АМСМ 1,18 проценти од реалните повици.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Катерина Ѓуровски

Запалени две диви депонии во тетовско

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка