Една жена загина, а една е тешко поврдена во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Од:

Една жена загина, а една е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 14.35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Издеглавје.

МВР информира дека во сообраќајката учествувале воизило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.И. (74) од с.Велмеј  и „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управуван од И.С. (37) од Пробиштип.

Во несреќата на самото место починала сопатничката во возилото „Опел Астра“, Д.И. (74) од Охрид. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во истото возило, Б.Н. (68) од с.Велмеј, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и  увидна екипа на ПС Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он