Една жена повредена при експлозија на плинска боца во Тетово

Од:

Денеска, околу пладне, во тетовската полиција бил пријавен пожар во куќа на улицата 29 Ноември.

Како што информираат од МВР, во потпокривот од куќата во која што живеела А.И. (79), во обид да користи грејно тело на гас, дошло до експлозија на плинската боца, при што А.И. добила повреди и изгореници.

Од експлозијата настанал пожар во собата каде што било грејното тело. Од страна на Територијалната противпожарна единица огнот бил изгаснат, а повредената А.И. со возило на итната медицинска пшомош била пренесена во Клиничката болница – Тетово, каде што ѝ била укажана лекарска помош.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја