Една недела по одронот, пругата кај Мартолци се уште непроодна

Од:

Иако помина една недела по одронот на карпите кај велешкото село Мартолци, пругата е се уште непроодна. Според Јавното претпријатие Македонски Железници Инфраструктура теренот е веќе исчистен, но поради тоа што постои можност за нови одрони, возовите не се пуштени да сообраќаат по овој дел од пругата.

– Како Инфраструктура на Македонски Железници им понудивме на луѓето два автобуса. Тие ќе се превезуваат со воз до Стариград, потоа со автобус до Мартолци од каде ќе ги чека воз до крајната дестинација, рече портапоролот на МЖ Инфраструктура, Незат Мемути.

Тој додаде дека во тек е процедурата за избор на квалитетна компанија која ќе го минира тој дел со цел да нема човечки жртви.

Инаку, жителите од тој предел претходно се пожалија дека се работи за голема карпа која паднала и неколку дена стои на пругите. Жителите велат дека била избегната голема трагедија, бидејќи за неполн час на тоа место поминувал воз.

Луѓето се револтирани бидејќи, како што тие велат, тој дел се санира многу споро, а железничкиот сообраќај им е многу потребен на луѓето и додаваат дека доколу не изреагирале на време, никој немало да обезбеди некаков транспорт додека да се санира целосниот проблем на тој дел и пругата повторно да биде функционална.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on