Едмонд Темелко спречен да влезе во Грција

Од:

Градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмон Темелко денеска бил спречен да влезе во Грција за да учествува на средба на која требало да се разговара за проект поддржан од Европската унија.

Тој бил вратен од страна на грчките цариници без никакво образложение.

– Ова е чиста дискриминација. Не успеав да влезам, а таму требаше да се сретнам со градоначалникот на Преспа во Грција. Кога ќе се вратам во Албанија случајот ќе го пријавам во Комисијата за заштита од дискриминација и ќе направам се мојата држава да ги извести сите меѓународни организации, вели Темелко.

Темелко во Грција патувал службено каде требало да разговара за дел од проект на Европската унија, кој се однесувал на меѓуграничната соработка.

Би можело да ве интересира

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

Стерјовски: Бугарија донира за Пустец во замена на нашата македонска националност

Левица: Квислиншката власт ја премолчува бугаризацијата на Македонците во Албанија

Македонците од Албанија за пописот: Од кога сме родени знаеме што сме, Бугари ниту имало ниту ќе има

А1он