Единаесет возила во полошко исклучени од сообраќај поради емитување штетни издувни гасови

Од:

Единаесет возила што емитувале штетни издувни гасови повеќе од дозволената граница биле исклучени од сообраќај од страна на полицијата при контролите во полошко во изминатите пет денови, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Оваа активност на полицијата е дел од засилените контроли за техничката исправност на возилата во регионот што почнала од 20 овој месец.

– Согласно член 42 од Законот за возила на сопствениците од технички неисправните возила за случаите кога станува збор за издувните гасови изготвени им се прекршочни платни налози, а глобата за овој вид прекршок изнесува 120 евра во денарска противвредност. Доколку возилото е сопственост на правно лице предвидена е соодветна глоба и за одговорното и правното лице. Контролните активности ќе продолжат и наредниот месец во функција на намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот и на вкупната аерозагаденост на подрачјето, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар