Единаесет деца повредени во сообраќајка кај Велешта

Од:

Единаесет деца се здобија со телесни повреди од кои едно со тешки, во сообраќајната незгода што се случи попладнево на регионалниот пат Дебар-Струга во близина на струшкото село Велешта.

Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, несреќата се случила во момент кога мини автобус со струшки регистарски таблици, кој сообраќал и вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга изгубил контрола над возилото и скршнал на спротивната-лева коловозна лента.

 – Мини автобусот со предниот дел удрил во левата страна во моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски таблици. Осум патници се префрлени во Општата болница во Струга и кај нив се констатирани лесни телесни повреди. Двајца се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и за нив се уште се чека лекарскиот наод за карактерот на здобиените повреди, информира Димоски.

На местото на незгодата увид извршиле јавен обвинител од Основниот суд во Струга и екипи од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он