Еден загинат во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Од:

Вчера во 20.25 часот на патот Градско-Прилеп, поточно на 20-ти км, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат Добло“ со битолски регистерски ознаки, управувано од З.М.(1977) од Битола и возило „Тојота Авенсис“ со штипски регистерски ознаки, управувано од В.Л.(1959) од Виница.

Од здобиените повреди при незгодата, на лице место починал сопатникот во „Тојота Авенсис“, В.Г.(1957) од Виница, а со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Фиат Добло“, на кого му била укажана лекарска помош во ЈЗУ-Кавадарци. Увид на лице место извршиле Основното Јавно обвинителство, истражен судија и увидна екипа од Полициската станица во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он