Еден загинат во сообраќајка кај Петровец

Од:

Дваесет и четиригодишниот А.Б од село Огњанци загинал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22.30 часот во село Петровец, скопско, информира денеска  Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „Крајслер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н. (53) од Скопје и  возило „Застава 101“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б. (24) од Огњанци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Б. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар, каде од страна на лекар од КАРИЛ била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ОУСН од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он