Еден загинат и тројца повредени при излетување на возило од автопатот Куманово -Скопје

Од:

Возачот загинал, а тројцата сопатници се повредени при излетување на патничко моторно возило со скопски регистрски ознаки на автопатот Куманово-Скопје во близина на Агино Село.

Како што информира МВР, вчера во 23:30 часот патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Агино Село, излетало од автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село. По незгодата, возачот и сопатниците биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде кај С.Т. била констатирана смрт, а кај сопатниците Ж.Ѓ. Ф.Д. и Б.А., биле констатирани телесни повреди.

На местото на незгодата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски