Еден загинат и шестмина повредени во сообраќајка кај Радовиш

Од:

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на патот кај радовишкото село Тополница во која, според првичните информации, едно лице загина, а шестмина се повредени.

Во несреќата учествувале џип „Лада нива“ и патничко возило „БМВ“.

Докторот Киро Николовски од Итната медицинска помош во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш вели дека тешкоповредените лица се хоспитализирани веднаш во Клиничката болница во Штип. На лицата им се прават потребните анализи, и потоа се распоредуваат по одделенија.

– Повредените лица се со тешки скршеници на градниот кош, екстремитетите и бутната коска, изјави Николовски.

Во тек е увид на надлежните институции на местото на сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он