Еден загинат и еден повреден во синоќешната сообраќајка кај Струмица

Од:

Еден загинат и еден повреден и билансот од синоќешната сообраќајка која се случи во 21.45 часот на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село, на излезот од селото Дабиле кон Босилово.

Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобили „фиат“, управуван од Р.М.(31) од село Костурино и „мерцедес“ управуван од А.Ѓ.(47) од село Бориево и двата со струмички регистарски таблички.

Од здобиените повреди во несреќата починал возачот А.Ѓ.. Смртта ја констатирал лекар од Медицинскиот центар Струмица, а возачот Р.М. бил повреден.

Увид на местото на сообраќајката извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево