ВИДЕО: Еден семафор нема да го реши проблемот, порачаа жителите на Ѓорче Петров

Од:

Жители на Ѓорче Петров втор ден протестираат пред Основното училиште „Мирче Ацев“ каде што вчера беше прегазено 10-годишно дете кое со тешки повреди беше пренесено во болница. Според нив, еден семафор нема да го реши проблемот на оваа улица каде што често се случуваат сообраќајни несреќи.

„Ова е страшно и алармантно. Се вози со голема брзина покрај училиште каде што цело време поминуваат деца. Само еден семафор нема да го реши проблемот бидејќи улицата е голема. Потребни се повеќе семафори и лежечки полицајци“, рече поранешниот кошаркар и жител на Ѓорче Петров, Тони Симиќ.

Се надевам, додаде тој, дека оваа иницијатива ќе ја избуткаме до крај. „Се работи за човечки животи. На оваа улица се вози брзо и повеќе од потребни се семафори и лежечки полицајци“, рече Симиќ.

Жителите на Ѓорче Петров велат дека на улицата „Борис Сарафов“ многу ретко се движи и патролира полиција и апелираат до надлежните органи да преземат одговорност и да го решат овој проблем. Тие велат дека и пред две недели било прегазено дете на истата улица кое со тешки повреди било пренесено во болница, а неодамна имало и жртва.

Од Општина Ѓорче Петров попладнево информираа дека во координација со Град Скопје договорено е на критичното место да биде поставен семафор. Градоначалникот, Александар Наумовски, вети дека додека е тој градоначалник, никогаш повеќе нема да се случи таков инцидент на тоа место.

„Како градоначалник, жител на општината и родител изразувам големо жалење за незгодата, при што повредено е дете што е наш сограѓанин. Посакувам што побргу да закрепне и се надевам дека по решавање на сообраќајниот проблем, никогаш повеќе во мојата општина, на тоа место, нема да се повтори ваков немил настан, кој, за жал, се повторува. Во повеќе наврати, заедно со релевантните засегнати страни, но и невладини организации што работат на проблематиката, како Општина инициравме средби на оваа тема, а дебатиравме за можни решенија токму пред неколку дена во мојот кабинет“, рече градоначалникот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Три хемиски фабрики во новиот ДУП за Ѓорче – „Загрозен животот на карпошани“, Јакимовски бара Уставен да го укине

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Скандалозен екоцид со амин на градоначалникот Стојкоски

А1он

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Претрес во Ѓорче Петров, пронајдена дрога, приведен дилер

А1он