Еден работник загина, тројца се повредени во несреќа на градилиште во Скопје

Од:

Еден градежен работник загинал, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје.

Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.

-Интервениравме со четири амбулантни возила, рече доктор Панов.

Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека изутринава во 8:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.

– Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нови детали за несреќата во Кисела Вода: Медицинска екипа побара асистенција за затрупаните работници

Горан Наумовски

Трагедија во Скопје: Работници затрупани при ископ во Кисела Вода, спасувачка акција во тек

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски

Забрана за автобуси и камиони од Тетово кон Шапка, на патот Кичево -Гостивар наизменичен сообраќај

Катерина Ѓуровски