Еден потешко и едно лице лесно повредено во сообраќајка во Кавадарци

Од:

Еден потешко повреден и едно лице е лесно повредено во сообраќајна несреќа, која синоќа се случила на улицата „Шишка“ во Кавадарци.

СВР Велес денеска соопшти дека во 21 часот на улицата „Шишка“ во Кавадарци дошло до сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ сопственост на Здравствениот дом од Кавадарци управувано од Љ.Ј. роден 1968 година и мотоцикл „скутер балтијан“ сопственост и управуван од Г.З. од Росоман, роден 1992 година.

– При сообраќајката со тешки телесни повреди се здобил возачот на скутерот и е препратен на скопските клиники, а со лесни повреди се здобил Љ.Ј., информира СВР Велес.

Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он