Еден потешко и девет полесно повредени патници во сообраќајка кај Демир Хисар

Од:

Едно лице е потешко повредено, а девет полесно попладнево кога автобус излета од патот на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, во непосредна близина на демирхисарското село Лопатица.

Веднаш по сообраќајната несреќа била укажана прва медицинска помош на сите повредени лица, а десет биле пренесени во битолската Клиничка болница.

– На одделението за ортопедија извршивме преглед на 10 лица кои побараа медицинска помош. Девет се пуштени на домашно лекување, а едно лице заради тешка телесна повреда е задржано на лекување, изјави за МИА д-р Нико Јанков, ортопед во Клиничка болница-Битола.

СВР-Битола изврши увид и ги истражува причините за сообраќајната несреќа кај демирхисарското село Лопатица, а по кусиот прекин, сообраќајот на релација Битола-Демир Хисар-Кичево е повторно во функција и во двете насоки.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он