Еден загинат и тројца тешко повредени во сообраќајка кај селата Долни Балван и Крупиште

Од:

Според првичните информации едно лице е починато, други тројца се тешко повредени во сообраќјната несреќа што се случила на магистралниот пат Штип – Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште. До несреќата дошло меѓу судир на две возила, што се случил во 14.50 часот.

Во моментов на местото на настанот се крим-полиција, јавен обвинител и пожарникари кои интервенираат за вадење на повредените лица од автомобилите.

Како што информираат од Автомото сојузот, во моментот затворен е патот меѓу селата Долни Балван и Крупиште и сообраќајот се одвива по другите алтернативни патишта.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски