А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Еден човек ги подметнал бомбите во седиштата на турската прокурдска партија во Мерсин и Адана

by А1он19/05/2015 - 20:0759
Share0

Еден човек ги подметнал бомбите, што вчера експлодираа во  канцелариите на прокурдската Демократска партија на народите во Мерсин и Адана, во јужна Турција, соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на одговорни претставници и изјави на сведоци.

Добивај вести на вибер

Бомбите, за кои првично беше соопштено дека биле сокриени во пратка и во саксија цвеќе, вчера попладне речиси истовремено експлодираа во седиштата на ДПН во Мерсин и Адана, а во експлозиите беа ранети  три лица.

Инцидентите се случија за време на предизборната обиколка на овој регион на копретседателот на ДПН, Селахатин Демирташ.

Очевидец за „Хуриет“ кажал дека маж на околу 30-35- годишна возраст, со црна коса, светла кожа, висок 170-175 сантимтери и облечен во светла облека со кратки ракави, ден претходно,на 17 мај, дошол во централата на партијата на ДПН во Адана и таму оставил саксија со цвеќе, изјавувајќи дека тоа е подарок за локалниот лидер на партијата од сопственици на продавници на Пазарот за зачини во Истанбул.

По прегледот на снимките на безбедносните камери турската полиција утврди дека истиот маж истиот ден ја испорачал и бомбата што била сокриена во друга саксија со цвеќе во седиштето на ДПН во Мерсин.

Утврдено е дека еден ист човек или луѓе стојат зад инцидентите во Адана и Мерсин, посочи адвокатот Ведат Јозкан, кој е кандидат за пратеник на ДПН од Адана. Тој дададе дека е важно да се открие не само човекот кој ги подметна бомбите, туку и оние со кои тој е поврзан.

Весникот „Хуриет дејли њуз“ забележува дека партиски активисти во седиштето на ДПН во Мерсин се посомневале дека во саксијата може да има сокриен апарат за прислушкување и затоа ја изнеле на тераса, благодарение на што  при експлозијата немало настрадани. Во Адана бомбата екпслодирала во канцеларијата на локалниот партиски лидер, а тој и уште двајца сопартијци се ранети во експлозијата.

-Ние располагаме со одредени информации но не можеме да ги откриеме во моментов, посочи валијата на Мерсин, Јоздемир Чакаџак.

Валијата на Адана, Мустафа Бјујук изјави дека има сериозен напредок во истрагата и дека случајот веќе е делумно расчистен.

Според извори, цитирани од весникот, безбедносните сили вложуваат напори да ги приведат трите лица кои имаат врска со испораката на саксиите.

Националната разузнавачка служба уште пред повеќе од еден месец ги предупредила силите за безбедност дека сирискиот режим испратил агенти во Турција кои имале цел да „создадат хаос со напади во Мерсин, Адана, Хатај, Шанљурфа и Газиантепе“.

Парламентарните избори во Турција ќе се оджрат на 7 јуни. 

turcija

Би можело да ве интересира

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:22

Училиштата во 17 турски провинции се затворени поради снежни врнежи

Горан Наумовски29/12/2025 - 07:21

Уапсена актерка од „Сулејман Величествениот“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 11:33

Нови апсења во Турција за наместени натпревари, меѓу приведените е и поранешниот потпретседател на Галатасарај

Горан Наумовски26/12/2025 - 22:06

Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава

Горан Наумовски25/12/2025 - 14:07

Ердоган му одговори на Нетанјаху: За разлика од нас, вие внесувате крв и солзи во регионот

Горан Наумовски24/12/2025 - 14:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен