Е-катастар воведена во Петровец

Од:

Во општина Петровец е воведена новата апликација е-катастар на Агенцијата за катастар за недвижности, која овозможува на жителите да добијат имотен лист, лист за предбележувње градба и за привремени објекти, како и евидентен лист за дивоградбите и кај геодетска компанија, кај нотар и во општината.

Општина Петровец на 20 февруари 2013 година потпиша договор за работа со Агенцијата за катасар на недвижности и таа овозможува електронско поврзување на геодетските комании, нотарите и општините со цел да се олесни издавањето на потербните документи на граганите.

– Со ова на жителите на Општината им се заштедуваат и пари и време, бидејќи тука без поголеми турканици ќе можат да ја извадат соодветната документација. За издавање на документите, потребно е граѓаните да поднесат барање (се добива во Општината) и две уплатници во вредност од 175 денари, стои во соопштението од Општината каде почна да се применува оваа нова услуга.

Би можело да ве интересира

Скопјанка нападната во хотел во Петровец од поранешното момче

СДСМ: Градоначалникот на Петровец осомничен за злоупотреба на половина милион евра

Отстранета бетонската база што ги загадуваше Петровец и околината

Во Петровец, братот на градоначалникот незаконски ископувал суровини, поднесена му е кривична

Од утре патарина може да се плати без застанување

Маја Илиевска-Пачемска

Пренасочен сообраќајот кај Петровец поради сообраќајка

Наум Локоски