А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Ѕвезденото небо“ за Тоше Проески под знак прашалник

by А1он18/09/2013 - 14:40190
Share0

Фановите на Тоше Проески се жалат дека Град Скопје несериозно се однесува кон нив и стравуваат дека годинава под знак прашалник ќе се доведе одржувањето на традиционалната средба „Ѕвездено небо“ во чест на нашата најголема поп ѕвезда.

Добивај вести на вибер

– На 26 јуни годинава поднесовме барање до Град Скопје, со цел да ни дадат одобрување да го одржиме настанот на петти октомври на плоштадот „Македонија“. За жал, до ден денес немаме добиено конечен одговор и сè уште сме во исчекување. Во меѓувреме, сме информирани дека на тој датум ќе се одржува друг настан „Бела ноќ“. Поради тоа, побаравме средба со градоначалникот Коце Трајановски за да добиеме конкретен одговор на нашето барање. Таа средба сè уште не се случила и пак сме оставени во исчекување. Ние сме многу изреволтирани, бидејќи кон нас се однесуваат крајно несериозно и непрофесионално – велат фановите.

Тие додаваат дека се обиделе да го замолат организаторот на „Бела ноќ” доколку може да го помести настанот еден ден порано бидејќи им е важно настанот да се одржува секоја година на ист датум и локација, но не наишле на разбирање.

– Овој настан за нас е од големо значење, бидејќи нашиот идол на неговиот последен концерт остави аманет да нè види следната година на истиот датум во што поголем број. Поради тоа, овој настан сакаме да остане традиција, а масовната посетеност изминативе години покажува дека народот нè поддржува во тоа. Поради проблемите со кои се соочуваме, ние сме приморани да бараме нова локација, со која би го деградирале значењето и големината на Тоше, или крајно да се откажеме. Бараме медиумска поддршка, бидејќи вие сте глас кој институциите не можат да го игнорираат, како што нè игнорираат нас. И покрај сè, ние се надеваме дека овие проблеми ќе бидат надминати и нема да се повторат во иднина. Ова го работиме со голема љубов и посветеност, а крајна цел ни е одржување на споменот на нашата најголема музичка ѕвезда и запознавање на помладите генерации со ликот и делото на Тоше Проески – велат од фондацијата и од фан страницата за Тоше.

tose

Би можело да ве интересира

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска16/10/2020 - 08:2116/10/2020 - 08:55

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска13/10/2020 - 13:25

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска25/01/2020 - 08:58

Дванаесет години без Тоше

Ана Ололовска16/10/2019 - 08:37

Рози во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска15/10/2019 - 12:58

Традиционална крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Ана Ололовска25/01/2019 - 08:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен